Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека по 10-часовни борби освоила важно упориште на Хамас во Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
ИДФ соопшти дека упориштето познато како „Outpost 17“ е заземено во западниот дел на Џабалија, на околу 4 километри северно од градот Газа.
Израелските војници, се додава, се бореле со припадниците на Хамас и Исламскиот џихад „над земја и на подземната рута во таа област“.
IDF says troops of the Nahal Brigade captured a Hamas stronghold known as outpost 17 in west Jabaliya, after 10 hours of fighting. The IDF says the soldiers battled Hamas and Islamic Jihad operatives in the site, who were both "above ground and in an underground route in the… pic.twitter.com/m5GK18JBwM
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 9, 2023
Според соопштението, за време на борбите биле убиени десетици палестински милитанти, а во нивниот воен камп е пронајдено многу оружје и откриени се шахти од тунели, вклучително и една во близина на градинка, која води до „голема подземна рута“.
ИДФ не соопшти дали имало жртви меѓу израелските војници во нападот.