📽 „Јас сум адвокат, јас сум адвокат“: Познат адвокат од Нови Сад приведен со браќата Видовиќ

од Stefanija Kuzmanovska
2,1K прегледи

Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) на Србија денеска ги привеле браќата Миљан и Љубан Видовиќ, инаку познати како кик-боксери, а според неофицијални информации на „Нова.рс“, со нив е приведен и новосадскиот адвокат Г.К. како и син на позната пејачка.

Според неофицијални информации на „Нова.рс“, браќата Видовиќ, попознати како браќата Хофман, се приведени поради видео снимки кои се појавија на социјалните мрежи во последните денови на кои се гледа како малтретираат луѓе.

Со нив бил приведен и адвокат, кој во моментот на приведувањето извикал: „Јас сум адвокат, јас сум адвокат“, но кај него не била пронајдена службена легитимација.

Заедно со браќата Видовиќ е приведен и син на позната пејачка.

Да потсетиме, браќата Видовиќ изминативе денови беа во фокусот на јавноста откако беа објавени голем број видеа на кои се гледа како малтретираат луѓе.

Слични содржини