📽 Кај Крагуевац жена со рачна коса излезе пред противниците на режимот: Кој ми го гиба Вучиќ?!

од desk2
26 прегледи

Во едно село кај Крагуевац, една жена со рачна коса излета пред групата жители на Крагуевац – противници на власта – што околу 18 часот тргнаа кон селото за да предадат хуманитарна помош на загрозените од пожарите.

Жената излезе и почна да ја пцуе колоната, викајќи: „Кој ми го гиба Вучиќ, имам куршуми за сите што ми го гибаат Вучиќ!“.

Во еден момент ја крена косата, и со неа свртена обратно од луѓето, се обиде да ги удира.

Реагираше полицијата и ја засолни.

Во Србија вчера во речиси сите градови се одржуваа протестни собири, а така беше и во Крагуевац. Групата што беше пречекана со косата беше само еден дел од масата противници на режимот што излегоа на протести.

 

Слични содржини