📽 Како изгледа да се биде девојка на тенисер?

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Морган Ридл, американска инфлуенсерка и девојка на Тејлор Фритц, непосредно пред почетокот на Австралија опен објави видео во кое покажува каков бил нејзиниот живот во претходната година.

Оваа девојка стана исклучително популарна на АТП турнејата затоа што објавува видеа кои од прво лице го прикажуваат животот на еден тенисер.

Таа е со Фритц на секој турнир, а своето влијание како инфлуенсер го проширила и на тенисот. Сега таа одлучи да покаже колку патувала, па ги објави посетените дестинации за да покаже колку патуваат тенисерите.

@moorrgs an app that tracks all your flights 💅🏼 season 3 ✅ #tennistour ♬ Bad Habit – _.NOT._ME._#2

Перт, Хонг Конг, Сиднеј, Лос Анџелес, Париз повеќе од еднаш, Рим, Акапулко, Монако, Мајами, Индијан Велс… Таа, заедно со своето момче, ги посетила сите овие локации во изминатата година, што не е невообичаено за многу врвни тенисери.

Очекувана последна дестинација е Мелбурн каде што пристигна Фритц и се подготвува за Австралија опен од 14 до 28 јануари.

Слични содржини