📽 Како речиси 400 патници биле евакуирани од запалениот авион во Токио за 90 секунди?

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на Japan Airlines, кој се запали на аеродромот во Токио по судир, се евакуирани за 90 секунди.

Тие биле евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на авионот, соопшти противпожарната служба.

Иако драматичните снимки покажуваат дека пламенот го зафатил авионот додека се движел по пистата, сите во авионот биле безбедно евакуирани.

За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот користеле воздушни тобогани кои се користат во итни случаи.

Во авионот имало вкупно 379 луѓе.

Инцидентот се случил на аеродромот Ханеда кога патнички авион се судрил со авион на јапонската крајбрежна стража при слетување.

За време на судирот загинале пет членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража, кои биле на пат да достават помош за настраданите од разорниот земјотрес, јавуваат јапонските медиуми.

Слични содржини