📽 „Ќе се расплачам“: Норт јадеше кромид како јаболко, Ким Кардашијан со необична реакција

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Видео од Ким Кардашијан и нејзината ќерка Норт Вест стана вирално на социјалните мрежи.

Ким Кардашијан често привлекува внимание со своите изјави и изглед, а овој пат нејзината ќерка ја шокираше.

Имено, Норт Вест се појавила пред неа со кромид кој го јадела како јаболко, додека Ким била видно изненадена.

„Дали ќе јадеш кромид како јаболко? Луѓе, таа навистина го прави тоа. Јаде зеленчук како јаболка“, рекла Ким со неверување и додала:

„О, боже, твојот здив и мирисот на кромидот ќе ме расплачат“.

Меѓу другото, Ким зборуваше и за тешкотиите кои ги има како самохрана мајка, но додаде и дека нејзината најстара ќерка е паметна и креативна.

„Норт е навистина посебна, паметна и креативна, но се чини дека како личност е навистина блесава“, рекла Ким и додала дека се труди да готви со децата, со оглед на тоа што не е претерано вешта.

Слични содржини