Ќерката на најпознатиот поранешен актерски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли-Пит, деновиве има причина за славење.
Имено, оваа 18-годишна студентка на Универзитетот Спелман во Атланта се приклучи на првото црно сестринство во историјата Алфа Капа Алфа.
Zahara Marley Jolie#Ethiopia
I love her middle name💚💛❤️ pic.twitter.com/rLjHbGrnQC— Poetic Justice (@1EthiopiaTekdem) November 16, 2023
На социјалните мрежи сега се шират видеа од иницијацијата, а многу фанови беа изненадени од јавниот настап на Захара. Имено, таа за време на прославата застанала пред поголема група луѓе и гласно рекла: „Се викам Захара Марли Џоли“, со што открила дека се откажала од презимето на својот татко.
Многумина не беа изненадени од одлуката на Захара, особено откако Пит изненади на почетокот на оваа година со својата реакција на прашањето на новинарот на People, кој се интересираше колку е горд на својата ќерка во врска со нејзиниот прием на факултет.
„Да, тоа е прекрасно. Навистина прекрасно“, кратко прокоментирал тој.