📽 Ќерката на Кети Пери и Орландо Блум за првпат во јавност, дојде на концерт на мајка ѝ

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Пејачката Кети Пери имаше настап во Лас Вегас, а во публиката беше и нејзината тригодишна ќерка Дејзи Дов, која пејачката ја доби со актерот Орландо Блум.

Кети во еден момент ѝ се обрати на својата ќерка која стоеше насмеана во публиката во црвен фустан со бели точки.

„Дејзи, те сакам многу. Ти си мојата најдобра пријателка и мило ми е што си тука“, изјави пејачката.

Овој момент ги разнежни сите, а Дејзи доби овации.

Пери во неколку наврати истакна дека нејзината ќерка и сопруг ѝ се најголемите двигатели и во приватниот живот и во кариерата.

Слични содржини