📽 Мајли Сајрус не ја криеше среќата на сцената: „Штотуку го освоив моето прво Греми“

од Stefanija Kuzmanovska
359 прегледи

Кантри поп ѕвездата Мајли Сајрус го освои своето прво Греми во кариерата, за песната Flowers, која беше прогласена за песна на годината.

Пејачката беше и еден од изведувачите на доделувањето на наградата, а на сцената излезе сама, со микрофон и почна да го пее својот глобален хит.

Во еден момент таа ги кажа зборовите на песната – „Почнав да плачам“, но продолжението го замени со репликата – „Но се сетив дека штотуку го освоив моето прво Греми“.

После тоа, таа се насмевна, се сврте и продолжи да скока на сцената.

Публиката ѝ аплаудираше со ентузијазам.

Слични содржини