Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека премиерот го однел американскиот милијардер Елон Маск во кибуцот Кфар Аз, кој беше уништен во нападот на Хамас на 7 октомври.
Целта на посетата е да му се покажат на Маск остатоците од кибуцот, каде што луѓето биле касапени, живи запалени или киднапирани и однесени во Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Маск го слушнал сведочењето од водачите на локалниот совет и претставниците на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) за масакрот во кибуцот.
#ElonMusk in Israel🇮🇱 pic.twitter.com/g9scgjWWPb
— Mariana_news✡🇮🇱 (@Marianasoux) November 27, 2023
Генералниот директор на SpaceX го посетил и домот на шефот за безбедност Офир Либштајн, кој беше убиен во размена на оган со терористичка група.
Маск се сретна со четиригодишната Абигејл Еден, која вчера беше ослободена при размена на заложници.
Израелскиот претседател Исак Херцог ќе се сретне со Маск за да разговара за „потребата од борба против онлајн антисемитизмот“.
Израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи изјави дека неговата земја постигнала договор со сопственикот на Tesla за воведување на Starlink комуникација во Газа, со одобрение на министерството.