📽 Напад во католичко училиште во САД: Најмалку двајца мртви, има голем број ранети

од desk2
7 прегледи

Во пукање во католичкото училиште „Анунсиејшн“ во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота, има најмалку двајца загинати, а бројката на ранети изнесува до 20, јави „Си-Би-Ес Њуз“.

Меѓу повредените има деца.

Напаѓачот е мртов – починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Имало голем одзив на полицијата и другите служби на местото на пукањето, на подрачјето на 54. улица, меѓу Хариет и авенијата Гарфилд. Полицијата информираше дека повеќе нема опасност, но сепак се апелираше граѓаните да не се доаѓаат до училиштето, за да може итните служби да им пружат помош на настраданите.

Според Си-Би-Ес Њуз, напаѓачот бил маж облечен во црно и вооружен со пушка. уште не се познати неговиот идентитет и мотивите.

Слични содржини