📽 Напаѓачот од Менхетен лежерно ја носел автоматската пушка со која уби четири лица

Според досегашните сознанија, Шејн Девон Тамура пристигнал во Њујорк од државата Невада, каде поседувал дозвола за носење оружје. Тој имал и историјат со ментални болести.

од desk2
24 прегледи

Напаѓачот од центарот на Менхетн, кој уби четири лица, едно рани, а потоа се самоуби (според прелиминарниот извештај), полицијата на Њујорк го идентификуваше како Шејн Девон Тамура.

Тој, според снимките од надзорните камери, лежерно ја носел автоматската пушка М4 со која го изврши масакрот во предворјето на една деловна зграда на Парк Авенија. Пукал во жена која се засолнила зад скалила и потоа продолжил да пука на луѓе во предворјето.

На местото на настанот бргу пристигнале полицајци и „го неутрализирале“ напаѓачот.

Според њујоршката полиција, нападот е бргу прекинат, а за мотивите за овој напад ќе се почека. Според досегашните сознанија, Шејн Девон Тамура пристигнал во Њујорк од државата Невада, каде поседувал дозвола за носење оружје. Тој имал и историјат со ментални болести.

Американските медиуми пренесуваат сведоштво на соученик од средно училиште на напаѓачот, кој вели станува збор за човек што пред 10 години бил надежен спортист и многу ветувал, но потоа разочарал.

„Беше најголемиот глупак на светот, само куп енергија, кловнот на класот. Еден од тие момчиња“, вели соученикот.

Слични содржини