📽 Направи гримаса: Реакцијата на Блинкен кога Бајден го нарече Си „диктатор“ стана вирална

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен не можеше да ја задржи својата реакција откако претседателот Џо Бајден го нарече својот кинески колега Си Џинпинг диктатор. Во близина имало камера која ја снимила вознемиреноста на Блинкен, а снимката набрзо почна да кружи на социјалните мрежи.

По четиричасовната средба меѓу двајцата претседатели во Сан Франциско во средата, Бајден бил запрашан дали тој сè уште го смета Си Џинпинг за диктатор, со оглед на неговата употреба на терминот претходно оваа година.

„Тој е диктатор во смисла дека тој е личност која раководи со комунистичка земја… врз основа на форма на владеење која е сосема поинаква од нашата“, рече Бајден.

Веднаш штом го рече тоа, Блинкен направи гримаса, нервозно се помести во столицата и зеде длабок здив пред загрижено да го погледне претседателот.

Контроверзната изјава дојде во време кога Америка и Кина се обидуваат да ги поправат своите односи.

Слични содржини