📽 Не успеаја да ја скријат новата „играчка“: Телохранителите на Путин „фатени“ со дрон среде Санкт Петербург

Изгледа дека станува збор за FPV дрон – пресретнувач, со крстообразно распоредени мотори и двоен систем за наведување.

од desk2
34 прегледи Фото: Снимки од екран од видео на Х

Во текот на неодамнешната посета на Санкт Петербург, припадниците на личното обезбедување на претседателот на Русија, Владимир Путин, беа снимени со нов FPV дрон – пресретнувач, посебно создаден за борба против непријателски беспилотни летала.

Овој дрон со далечинско видео наведување предизвикува внимание поради невообичаената големина и специфичната конфигурација, пишува Defence Blog.

Беспилотното летало постојано блиску до Путин го носел еден од обезбедувањето, и иако се обидел да го скрие, тоа не му успеало многу. Препознатливиот облик е тешко да се затскрие.

Станува збор за FPV дрон – пресретнувач со крстообразно поставени четири мотори и двоен систем за снимање – има термовизиска камера и видеокамера за следење на целта. Двете камери му овозможуваат примена при намалена видливост, вклучувајќи лошо време и низ чад, како и во ноќни услови.

Со ова беспилотно летало првин се управува далечински рачно, но откако ќе се идентификува метата, преминува во автономен режим на летање. Операторот го придвижува дронот, го насочува до целта и чека на потврда за „фиксираност“ на целта. Оттогаш дронот дејствува автономно, ја следи и ја уништува целта.

Иако руската Федерална служба за безбедност (ФСО) не дала службен коментар, појавата на ова беспилотно летало сугерира дека Москва воведува краткодометни преносни против-дронски уреди во функција на блиска заштита на високи личности, што е и очекувано, земајќи предвид колку напади со дронови во урбани средини изврши Украина само во последните половина година.

Ова е прв познат случај за користење дрон за заштита на висок руски функционер.