📽 Нов украински удар длабоко во Русија

од desk2
14 прегледи

Дронови на Службата за безбедност на Украина денеска повторно нападнаа логистички важен центар во руската република Татарстан. Мета било складиштето во кое се чувале готови дронови-камикази Шахед, како и компоненти од странско производство за овие дронови, јавија украинските медиуми.

Погодениот објект се наоѓа во населбата Кзил-Јул отприлика 1.300 километри од украинската граница. Потврда за нападот има во видеоснимките на некои локални жители, на кои се гледаат пожари.

Ова е втор напад на ова складиште за кратко време. Службата за безбедноста на Украина го нападна и во саботата.

 

Во Украина и денеска продолжија борбите. Украинците објавија дека ликвидирале руски командант на бригада во Доњецк.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русите подготвуваат нова офанзива, во време кога руските сили навистина направија длабок продор на истокот на Украина. Посебно жестоки беа нападите кај Покровск.

Слични содржини