📽 Огромна елка паднала врз три лица во Белгија, загина една жена

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Една жена загина откако во четвртокот на божиќниот пазар во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија локалните медиуми.

Огромното дрво на божиќниот саем во градот Ауднарде, на околу 50 километри западно од Брисел, не издржа силен налет на ветер во четвртокот вечерта, објави белгиската новинска агенција Белга.

Елката паднала врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешките повреди.

Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка била лошо обезбедена.

Локалните медиуми ја цитираат изјавата на градоначалникот дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото.

Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид.

Слични содржини