ОпенАИ денеска официјално го претстави својот долго најавуван модел на вештачка интелигенција ГПТ-5, кој отсега е достапен бесплатно за сите корисници.
Според компанијата, тоа е нејзиниот „најпаметен, најбрз и најкорисен“ модел досега, кој дава попрецизни и порелевантни одговори за области како што се математика, наука, финансии, право и медицина.
„ГПТ-5 е првпат навистина да се чувствувате како да разговарате со експерт за која било тема“, рече извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, на денешната прес-конференција. Тој го спореди овој пробив со моментот кога Епл ги воведе екраните со висока густина Retina, чии поединечни пиксели повеќе не можеа да се видат со голо око.
Алтман тврди дека ГПТ-5 е „најдобриот модел во светот за кодирање” и пишување, но и за здравствена заштита и „долга низа други области“.
Модел кој резонира пред да одговори
За разлика од претходните верзии, GPT – 5 е претставен како „модел на резонирање“, што значи дека користи итеративен пристап кон решавање проблеми – размислува низ повеќе чекори пред да понуди конечен одговор.
Компанијата е толку убедена во супериорноста на новата верзија што најавува крај на претходните: „Со доаѓањето на ГПТ-5, ги укинуваме сите наши стари модели“, рече истражувачката Тина Ким за време на презентацијата.
Меѓу проблемите што ГПТ – 5 наводно подобро ги решава се долгогодишните „болести“, како „халуцинации“ – кога моделот измислува непостоечки информации – но и безбедносни пропусти, кои се особено изразени во неодамнешните истраги, како што е онаа на списание „Вајерд“.
Прилагодливост, „личности“ и сомнежи за безбедноста
Новиот модел, исто така, воведува можност за избор помеѓу четири однапред дефинирани “личности”: циник, робот, слушател и бубач, со цел понатамошно прилагодување на стилот на комуникација на корисникот.
Сепак, и покрај бомбастичните тврдења, Алтман признава дека тие сѐ уште се далеку од крајната цел – вештачка општа интелигенција (AGI), термин што го означува нивото на кое способностите на ВИ би ги надминале човечките. „Искрено, го мразам терминот AGI затоа што секој го користи во некоја друга смисла, но [ГПТ-5] е значаен чекор напред кон моделите кои се навистина способни”, рече Алтман. „Нам сѐ уште ни недостасува нешто клучно“.
Не е јасно ни дали ГПТ-5 ќе го реши проблемот познат како “ЧатГПТ психоза”, каде што некои корисници пријавиле чувство на губење контакт со реалноста по долги сесии на разговор со моделот. Засега, ОпенАИ најавува само воведување на „благи потсетници за пауза“ при подолго користење.