Две возила на метрото се судрија во Пекинг, каде обилниот снег ги затрупал пругите, по што 515 лица биле пренесени во болница, од кои 102 со скршеници, соопштија градските власти.
Од повредените 25 биле под надзор, а 67 останале на понатамошно болничко лекување.
Несреќата се случила во четвртокот вечерта во западниот, ридски дел од градот, на надземниот дел од пругата, на трасата на линијата на метрото Чангпинг, пренесува АП.
An major accident of the Chinese subway metro has occurred in #Beijing after failure of emergency breaking system. 102 people have been seriously injured with multiple fractures. Evacuation of victims is in process. pic.twitter.com/mK4R61mvU3
— Nepal Correspondence (@NepCorres) December 15, 2023
Поради лизгавата патека, кај предното возило било активирано автоматско сопирање, но на она зад него, кое се наоѓало на надолнина, му се излизгале тркалата и не успеало навреме да закочи.
Остануваат предупредувањата поради голомразица на патиштата, екстремен студ и прогноза за дополнителни врнежи, а температурите се очекува да се спуштат до -11 Целзиусови степени во текот на ноќта, пренесува АП.
Нема пријавени смртни случаи во зимските бури кои ја зафатија северна Кина, каде температурите ќе паднат до -40 степени во некои провинции.