Тајланд и Камбоџа и денеска разменуваат оган долж нивната спорна граница, потврдија функционери од двете земји. Бројката на загинати цивили е двоцифрена, а повеќе од 100.000 цивили се евакуирани.
Тензиите меѓу двата соседа во Југоисточна Азија се креваат со месеци поради спорните делови на нивната меѓусебна граница долга околу 800 километри, која е демаркирана делумно од Франција, поранешниот колонијален владетел на Камбоџа, и која минува близу неколку археолошки важни верски локалитети за кои и двете земји имаат претензии.
Судирите што почнаа вчера одново избија утрово во 4.30 часот по локално време, откако Камбоџа отвори оган со тешко оружје и пушки, соопшти Рича Суксуванон, портпарол на тајландското министерство за одбрана. Тајландската војска возвратила со артилериски оган.
Судири денеска има на две места во провинцијата Убон Рачатани и на едно место во провинцијата Сурин. Камбоџанските сили стрелаат и со артилерија и со ракети во Камбоџа, велат тајландските извори. Тајланд изврши неколку бомбардирања, јавуваат светските новински агенции.
Бројката на загинати цивили се проценува на најмалку 15 – од кои 14 во Тајланд, а најмалку едно загинато лице во Камбоџа. Од оваа земја доаѓаат многу малку информации за состојбите, и се се сведува на официјални соопштенија од клучните министерства.
Cambodian army launched multiple rocket attacks into Thailand. pic.twitter.com/LP51VaAyk2
— Clash Report (@clashreport) July 25, 2025