Актерот Иан Зиринг, кој глумеше во култната серија „Беверли Хилс 90210“, бил нападнат од група моторџии на улица во Лос Анџелес.
Истрагата за нападот е во тек, а видео од нападот е објавено на Инстаграм. Се коментира зошто никој не му пришол на помош додека траела непријатната ситуација. И тоа е само едно од прашањата кои се поставени за овој настан.
Нападот се случил во неделата наутро во Лос Анџелес. На снимката ексклузивно објавена од TMZ се гледа како група мотоциклисти се приближуваат до возилото на актерот Иан Зиринг на булеварот Холивуд пред тој да излезе од својот автомобил. Тој брзо замавнал кон еден од мотоциклистите чиј мотор стоел точно пред автомобилот на актерот.
Засега не е позната причината за нападот и дали еден од мотоциклите се судрил со возилото на Зиринг. Според изворот на TMZ, возилото на актерот можеби било погодено пред расправијата да стане насилна.
Откако го удрил неидентификуваниот мотоциклист, се чини дека Иан го соборил на земја лицето со кацига. Други мотоциклисти потоа почнале да го напаѓаат актерот.
Направен е официјален извештај, во кој актерот е именуван како жртва. Полицијата се уште не ги уапсила напаѓачите и го истражува инцидентот.
Според TMZ, нападот завршил со тоа што Иан се вратил во својот автомобил и се оддалечил. Истото го направиле и напаѓачите. По нападот никој не повикал полиција, која подоцна била информирана за се. Актерот не се огласи за немилиот настан.