335
Актерот Кевин Спејси во март ќе го претстави првиот филм, во кој воедно ја игра и главната улога, по долги години, откако поради низа скандали беше принуден да се повлече од Холивуд.
Станува збор за нискобуџетен акционен трилер наречен Peter Five Eight во режија на Мајкл Заик Хал, во кој тој го толкува ликот на платен убиец најмен да пронајде гламурозен агент за недвижнини.
Хал во неодамнешно интервју изјавил дека Спејси е „совршен“ за улогата.
Тој призна дека дискусиите на продуцентите за тоа дали да му се даде шанса на актерот кој беше обвинет за низа сексуални престапи биле деликатни, но потсети дека на суд е ослободен од сите обвиненија.
„Колку и да има недостатоци, јас верувам во правниот систем“, заклучил Хал.