📽 ПРВИ СНИМКИ од ерупцијата на Етна

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Италијанскиот вулкан Етна еруптираше во неделата исфрлајќи лава кон ноќното небо.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека висината на нивото на ерупцијата се проценува на околу 4.500 метри надморска височина.

Аеродромот во блиската Катанија се уште е отворен и покрај вулканската активност.

Во август облакот пепел од ерупцијата предизвика хаос за патниците, летовите беа откажани и одложени.

Во далечината можеше да се види блескавата лава и остатоците кои беа исфрлени во темнината, а потоа полека течеа надолу по планината.

Вулканот е посебно активен во близина на југоисточниот кратер.

Слични содржини