Ужасен судир на два брода во Северното Море се случи рано утринава, при што британски товарен брод потона кај германскиот брег, а неколку лица се водат како исчезнати додека спасувачите очајнички трагаат по преживеани.
Бродовите „Полеси“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни состојби.
This morning at 02:57 UTC, the 🇬🇧 bulk carrier VERITY (9229178) suffered a direct collision by the 🇧🇸 bulk carrier POLESIE (9488097) near Helgoland island, Germany. The VERITY sank at (possibly) 54.0259, 7.640137, per AIS. One rescued; several missing. @MarineTraffic @Kpler pic.twitter.com/sjiYFrTsNn
— TankerTrackers.com, Inc. (@TankerTrackers) October 24, 2023
Потона бродот „Верити“ под британско знаме.
Како што може да се види на радарската снимка, „Верити“ потонал набргу по судирот, додека „Полеси“ се завртел и се вратил на местото каде што се случил судирот.
Ongoing SAR operation near #Helgoland
The vessels „Polesie“ und „Verity“ collided near Helgoland. As a result the "Verity" sank. There is an ongoing SAR operation since some people are still missing.
screenshot via @MarineTraffic https://t.co/NftjwFmPqt pic.twitter.com/DcCeh0abOG
— Nimras (@Nimras__) October 24, 2023
Од командата за итни случаи соопштија дека едно лице е извлечено од водата и дека му е укажана лекарска помош, но дека спасувачите трагаат по други исчезнати лица.
Бродот „Полеси“, кој пловел под знамето на Бахамите, останал на површина со 22 лица на него.