Познатата пејачка Ријана пред неколку месеци го роди вториот син, кого таа и нејзиниот партнер АСАП Роки го нарекоа Рајот.
Пејачката сега присуствуваше на еден настан, а на црвениот тепих отворено зборуваше за родителството, како и за тоа како нејзиниот првороден син Ер Зи Еј се однесува како постар брат.
На самиот почеток таа одговори на прашањето дали постои нешто што таа не може да направи.
@entertainmenttonight Rihanna is all about that boy mom energy 💙🍼 #rihanna ♬ original sound – Entertainment Tonight
„Засега, да родам ќерки. Мислам, засега. Следниот пат ќе имам 75 проценти шанси да родам момче, па … прстите скрстени“, изјави таа за E! News.
После тоа, таа раскажа и како Ер Зи Еј се однесувал кога дошло новото бебе.
„Тој на почетокот се бореше, но го сака својот помал брат. Секој пат кога ќе помисли дека не го гледаме, ќе дојде и ќе го допре. Ако бебето плаче, само ќе го држи за рака. Го боли кога бебето плаче. Наутро се буди велејќи: Бебе, бебе, бебе, бебе, бебе. Го сака. Беше потребно некое време, но сега се навикна и се гордеам со него“, истакна пејачката.
Признава дека одлично се чувствува во куќата полна со момчиња.
„Сепак, тие се најдобри. Сега имам куќа полна со момчиња. Мислев дека ќе бидам мајка на девојчиња, но јас сум мајка на момчиња. Ми се допаѓа тоа“, заклучила Ријана.