📽 Русија призна голем пораз на Крим, оштетен моќен брод на флотата на Путин

од Stefanija Kuzmanovska
567 прегледи

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека големиот десантен брод „Новочеркаск“ бил оштетен во пристаништето Феодосија на Крим, при одбивање напад на украинските вооружени сили.

„При одбивање на нападот на вооружените сили на Украина со ракети управувани од авион врз базата Феодосија, оштетен е големиот десантен брод Новочеркаск. Системите за противвоздушна одбрана уништија два непријателски тактички авиони Су-24 во реонот на населбата Жовтен, кои истрелуваа ракети со воздушно наведување“, соопшти руското министерство, пренесува РИА Новости.

Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов рано утринава објави дека украинските сили извршиле напад на пристаништето во Феодосија, што резултирало со експлозија и пожар.

Тој подоцна објави дека едно лице загинало, а две се повредени.

Претходно командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Федосија на Крим и дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“.

Слични содржини