📽 Русите по грешка бомбардирале свое село

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

За време на летот на воен авион над руската област Воронеж, дошло до итно ослободување на муниција, но нема жртви, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

„Итно ослободување на муниција од авионот беше извршено на 2 јануари околу 9 часот по локално време, додека авионот на руските воздушни сили летал над населбата Петропавловка во регионот Воронеж“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека нема жртви, пренесува ТАСС.

Сепак, како што наведе министерството, при ослободувањето на муницијата биле оштетени шест приватни објекти.

Покрената е истрага за инцидентот.

Слични содржини