Информации за тајната јахта на рускиот претседател Владимир Путин објави рускиот бизнисмен Михаил Ходоровски на X (поранешен Твитер).
Ходорковски на X објави дека неговата истражна платформа, The Dossier Center, открила дека јахтата на Путин, Викторија, се наоѓа на ремонт во пристаниште во Истанбул.
Викторија го напушти црноморскиот град Сочи пред еден месец и се закотви во Тузла во Мраморното Море, недалеку од најголемиот турски град, објави тој.
We found the secret yacht of Vladimir Putin docked at a naval shipyard of a NATO (!) country.
How is this possible and what does it tell us about the character of his regime?
🧵 Read on to find out (and see pictures) – 1/18 pic.twitter.com/RhIzjmFbz3
— Mikhail Khodorkovsky (@khodorkovsky_en) November 22, 2023
„Како е можно 71-метарската јахта на Путин да се закотви во бродоградилиште во земја на НАТО?“, прашува Ходорковски, кој пред 20 години беше нафтен тајкун и најбогат Русин, но го загуби најголемиот дел од своето богатство затоа што му се спротивстави на Путин.
Тој помина 10 години во затвор, по што ја напушти Русија и со семејството се пресели во Лондон.
Платформата на Ходоровски The Dossier Center, која се занимава со откривање на криминални активности на лица поврзани со Кремљ, ја препозна јахтата на Путин со буквата „V“ на трупот. Истиот воен симбол може да се види на многу руски воени возила кои учествуваат во војната во Украина.
This is the 71-meter Victoria, the flagship of Putin’s personal ‘flotilla’ in the Black Sea. One month ago, it left port at Sochi and sailed to the Tuzla port in Istanbul for repairs
2/18 pic.twitter.com/5nol8AhOO4
— Mikhail Khodorkovsky (@khodorkovsky_en) November 22, 2023