📽 Руски истражувачки портал ги проучувал надзорните камери: Што се случи со телото на Навални?

од Stefanija Kuzmanovska

Во документот кој персоналот на казнено-поправната колонија ѝ го предал на мајката на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, се наведува дека тој починал на 16 февруари во 14:17 часот по локално време.

Еден од затворениците на затворот изјавил за „Новаја газета Европа“ дека колонијата знаела за смртта четири часа претходно.

Официјално, смртта е забележана дури во 16:11 часот по локално време.

Локалната служба за итни случаи објави дека лекарите од селото стигнале до колонијата за седум минути и поминале повеќе од половина час обидувајќи се да го оживеат Навални.

После тоа, како што изјавил за „Новаја газета“ неименуван вработен во станицата за брза помош во Салехард, телото било испратено во болницата во Лабјтнанги, на половина час возење од селото Карп.

Дури вечерта на 16 февруари, според овој извор, Навални бил донесен во мртовечницата во Окружната клиничка болница во Округот Салехард.

Рускиот истражувачки портал „Медиазона“ ги проучувала надзорните камери во близина на единствениот копнен премин меѓу Лабјтанаги и Салехард и пронашла конвој возила на Федералната затворска служба кој патувал по оваа рута ноќта меѓу 16 и 17 февруари – кога се верува дека телото на политичарот било пренесено.

На левиот брег на реката Об се наоѓа колонијата во Карпо, каде што Навални бил чуван и најблискиот град Лабјтнанга. Од десната страна е Салехард, главниот град на автономниот округ Јамал-Ненец.

Не постои мост помеѓу Лабјтанаги и Салехард: Во лето има траект преку реката, а во зима се организира премин на мраз. Освен транспортот со хеликоптери, единствениот пат помеѓу ИК-3 и мртовечницата Салехард е ледениот премин.

На веб-страницата на еден од локалните интернет провајдери, „Медиазона“ пронашла јавен пристап до улични веб-камери лоцирани од двете страни на преминот, кои им овозможуваат на локалните жители да ја проценат состојбата на преминот и да ги следат редиците на траектот.

Таму се пронајдени снимки во период од една недела.

Првата камера е поставена на страната на Лабјтанги и снима од далечина сè преку реката до Салехард, втората е недалеку од излезот кон брегот во Салехард. Снимките од првата камера се снимаат од поголема далечина отколку од втората и затоа се малку помалку детални.

Снимањата од втората камера се прекинуваат на секои неколку минути поради проблеми со веб камерата.

И покрај ова, „Медиазона“ успеала да најде карактеристичен момент за снимките од двете камери.

„Медиазона“ внимателно го проучувала целиот ден на 16 февруари, почнувајќи од зори, кога Навални обично одел на прошетка низ затворскиот терен.

Неколку минути пред полноќ на 17 февруари, за првпат тој ден, во кадарот се појавиле автомобили од полициската патролна служба.

Ова е единствениот случај денес кога неколку возила на владините агенции се движат заедно како дел од колона.

Во конвојот, покрај водечките и затворени возила на сообраќајната полиција, имало и сива лимузина со цивилни регистарски таблички и минибус со две карактеристични зелени ленти, кои укажуваат на автомобили на Казнено-поправниот систем.

Конвојот се движеше значително побавно од останатите возила на преминот. Водечкиот автомобил на сообраќајната полиција повремено кочеше, па дури и застануваше за да не заостанат останатите.

Точно на полноќ, автомобилите тргнаа на другата страна и продолжија да се движат кон Салехард.

„Медиазона“ не можела да најде јавно достапни камери за надзор во градот за да го следи нивното понатамошно патување.

Видеото откриено од овој медиум, наводно, потврдува дека службениците на Федералната затворска служба на автономниот округ Јамал-Ненец го пренеле телото на Навални во Салехард вечерта пред пристигнувањето на неговата мајка Људмила и адвокатот.

Се наведува дека не е познато каде можело да биде однесено телото на политичарот по преминот, но „очигледно е дека намерно е сокриено од неговите блиски“.

Слични содржини