377
Заменичката-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, се појави во популарното интернет шоу „Career Ladder“, каде водителот на скала се обидува да погоди професии на случајни минувачи за помалку од две минути.
Водителот успеа да ја погоди нејзината функција за нешто повеќе од една минута, откако Шекеринска спомена дека нејзината улога е политичка и дека често се среќава со лидери на држави.