📽 Се појави видео на кое се гледа напаѓачот на Трамп на покрив

од Илинка Илиоска
255 прегледи

Видеото до кое дојде CNBC го покажува моментот кога вооружен маж отвори оган на митинг на кампањата на Доналд Трамп во Пенсилванија.

ФБИ вели дека го третира инцидентот како обид за атентат.

Од пукањето загинал еден човек кој бил во публиката, а уште двајца се тешко повредени, соопшти полицијата.

Поранешниот претседател Доналд Трамп е повреден, откако куршумот само малку го допрел неговото десно уво, оставајќи го да крвари.

Нападот го осудија светските лидери, додека американскиот претседател Џо Бајден изјави дека насилството е неприфатливо во САД.

Слични содржини