📽 Се шири снимка од руски војник во Авдијевка: „Останавме 14, има 200 мртви – нè уништија“

од Stefanija Kuzmanovska
423 прегледи

На социјалните мрежи се шири видео од руски војник кој се жали на тешките услови во битката за Авдијевка. Видеото го сподели Антон Герашченко, украинскиот советник за внатрешни работи, на својот X профил, а досега е прегледано 330.000 пати.

Неименуван војник кој се снимал себеси во ровот во близина на Авдијивка, градот во кој се водат најтешките битки, изјавил дека руските сили се обидуваат да ги опколат украинските војници во правец на градот, но дека „таа операција има висока цена“.

„75 дојдовме овде, а сега останавме 14. Останатите се 200 мртви и 300 ранети“, рече војникот. „Погледнете што се случува овде. Тие едноставно нè уништија. Само нè уништија“, додаде тој, мислејќи на украинските војници.

Наведува дека ги извлекувал телата на соборците од бојното поле, но ги имало толку многу што не можел да ги извлече сите.

„Преживеавме затоа што имаме високо развиен инстинкт за самоодржување“, рече тој. „Ќе преживееме, ќе бидеме безбедни, се надевам дека наскоро ќе одиме на одмор“, вели тој пред да се слушнат истрели во близина.

Слични содржини