Рускиот транспортен авион „Ил-76“, во кој се наоѓале украински затвореници кои се превезувале на размена, се урна во регионот на Белгород, соопшти руското министерство за одбрана.
„Околу 11:00 часот по московско време, авион Ил-76 се урна за време на редовен лет во регионот на Белгород. Во него имало 65 заробени воени лица на вооружените сили на Украина, шест членови на екипажот на авионот и три придружни лица“, се вели во соопштението што го пренесе агенцијата РИА Новости.
🚨🇷🇺Russian military plane crashes in Belgorod region, many feared dead
Note–raw video update#Russia #planecrash #Belgorod #BreakingNews #JUSTIN pic.twitter.com/HyGKtSd7cL— EUROPE CENTRAL (@europecentrral) January 24, 2024
Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков навел дека е запознаен за „инцидентот“, но не изнел дополнителни детали.