📽 Снежна бура го блокира аеродромот во Минхен, противпожарни возила извлекуваа авион од писта

од Stefanija Kuzmanovska
357 прегледи

За време на снежната бура која вчера зафати дел од Германија, особено Минхен, на аеродромот во тој град се снимени неверојатни сцени. Аеродромот беше затворен цел ден бидејќи авиосообраќајот беше оневозможен поради обилните врнежи. Покрај воздушниот сообраќај, во прекин е и патниот и железничкиот сообраќај.

Една од снимените сцени е авион кој бил целосно блокиран на писта. Тој е завеан додека противпожарните возила се обидуваат да го извлечат од пистата.

Авионот требало да лета за Дубаи, каде што се одржува конференција за климатски промени.

Аеродромот во Минхен повторно беше отворен во утринските часови, но околу 560 од 880 планирани летови се откажани, изјави портпаролот на овој аеродром, пренесуваат германските медиуми.

Слични содржини