📽 Српското МНР достави протестна нота до амбасадата на Албанија поради палењето на знамето

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Министерството за надворешни работи на Република Србија достави протестна нота до амбасадата на Република Албанија во Белград, со која најостро го осудува чинот на палење на државното знаме на Република Србија на централниот градски плоштад Скендербег во Тирана.

На 20 ноември на социјалните мрежи и медиумските портали се појави видео на кое се гледаат фудбалски навивачи во Тирана како го палат знамето на Србија на плоштадот Скендербег. Затоа српското МНР доставило нота до амбасадата на Албанија во Белград.

„Сметаме дека ваквите настани им штетат на билатералните односи на двете земји, кои во изминатите неколку години го достигнаа највисокото ниво во нивната повеќевековна заедничка историја“, соопштија од министерството за надворешни работи на Србија.

Во соопштението се наведува дека министерството за надворешни работи на Република Србија, во тој дух, очекува надлежните институции на Република Албанија да направат се што е во нивна моќ за откривање и кривично гонење на сторителите на тоа дело, кои се јасно видливи во објавеното видео, како и да ги информираат за тоа институциите на Република Србија преку дипломатски средства во разумен рок.

Слични содржини