📽 Страшен земјотрес ја погоди Турција: Карпи и камења завршија на дел од патиштата

од Илинка Илиоска
43 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди местото Кале во турската област Малатја утрово во 10:46 часот по локално време, пренесе агенцијата Анадолија. Според податоците од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри.

Снимки од моментот на потресот се појавија на социјалните мрежи, прикажувајќи водителка која чита вести во тој миг. Досега нема информации за жртви, но материјалната штета е видлива. По земјотресот, карпи и камења паднаа на дел од патиштата, што го отежна сообраќајот.

Слични содржини