Плачењето, немирот и температурата јасно укажуваат дека на детето не му е добро, но има и други показатели, суптилни, кои не треба да ги игнорирате.
Но, ако забележите дека детето суптилно кимнува со главата при секое вдишување, тоа е знак дека треба што побрзо да се однесе на лекар.
Здравствените експерти кои стојат зад страницата за прва помош на Инстаграм, Tiny Hearts Education, споделија видео кое покажува како тоа изгледа.
„Ако вашето бебе го прави ова, однесете го на лекар. Кимнувањето е знак дека има проблеми со дишењето“, предупредија и појаснија дека всушност тоа е движење со кое телото се обидува да внесе повеќе кислород.
Бебето прикажано на видеото било хоспитализирано откако неговите родители го забележале проблемот. Лекарите констатирале дека има пневмоторакс и го задржале на одделението за интензивна нега.