На доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес, Тејлор Свифт уште еднаш ја освои наградата за албум на годината, со што стана првата личност во историјата која по четврти пат ја освоила наградата.
Сепак, историскиот успех остана во сенка на нејзиниот неочекуван потег кој непријатно ги изненади дури и нејзините најверни обожаватели.
Имено, Тејлор ја доби наградата Греми благодарение на албумот Midnights од 2022 година, а пејачката повеќе од еуфорична се искачи на сцената каде ја пречека Селин Дион, чие појавување е еден од најистакнатите моменти од церемонијата.
Сепак, и покрај тоа што наградата ѝ ја врачи една од најголемите музички икони на денешницата, која истото признание го доби пред 27 години, фановите забележаа дека добитничката на наградата воопшто не обрнала внимание на својата легендарна колешка, без дури и да ја погледне, туку брзо се свртела за да го прослави големиот успех со нејзините колеги.
(WATCH) Taylor Swift wins Album of the Year #GRAMMYs pic.twitter.com/4BEtTMs3ss
— Deadline Hollywood (@DEADLINE) February 5, 2024
Сепак, Свифт и Селин Дион подоцна се сретнале зад сцената, а нивната многу посрдечна средба беше снимена, но тоа не ги смири критичарите и беше протолкувано како начин да се „испегла“ ситуацијата.
Поради овој непромислен потег, Тејлор се најде на цел на најжестоките критики.
Инаку, појавата на Селин Дион ја воодушеви јавноста, имајќи го предвид фактот дека познатата пејачка одамна се немаше појавено во јавноста, односно откако во 2022 година откри дека боледува од синдромот на „вкочанета личност“, и оттогаш трае нејзината голема борба.