Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу ќе плати казна за пребрзо возење. Тој возел со брзина од над 220 км/ч, обидувајќи се да го „промовира“ новиот автопат од Анкара до Нигде. Уралоглу си го призна делото.
Тој самиот објави видео.
„Ја отворав новата делница и несвесно забрзав“
Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и за кратко, несвесно, ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите, напиша
Министерот го поставил видеото за да ја истакне новата делница од автопатот Анкара-Нигде, но снимката покажала дека возел значително над дозволените 140 км/ч. На социјалните мрежи корисници жестоко го нападнале за непочитување на законите.
По лавината критики, Уралоглу призна дека навистина бил регистриран од радар и дека добил казна.