📽 Украинците објавија видео и тврдат: „За првпат се судрија дронови и руски воени бродови“

од Stefanija Kuzmanovska

Дроновите не побегнаа откако Русите пукале во нив, туку веднаш се свртеле и го возвратиле огнот, објави Васил Маљук, шефот на Службата за безбедност на Украина во врска со видеото, на кое се гледа како украински дронови наводно пукаат во руски бродови во близина на пристаништето на Крим, пишува порталот The War Zone.

Маљук тврди дека за првпат во историјата руски бродови биле нападнати во близина на Севастопол со беспилотни летала.

Видеото што го објавија Украинците трае 15 секунди, а на него се гледа како се испукани 14 проектили кон руски бродови. Не е видливо дали проектилите ја погодиле целта.

Од видеото не е јасно кога се случила битката на море или колкава е конечната штета.

„Пловилата Sea Baby од видеото веројатно биле вооружени со ненаведувани термобарични ракетни фрлачи RPV-16“, рече Андриј Риженко, пензиониран капетан во украинската морнарица.

Инаку, употребата на термобарично оружје е забранета со Женевската конвенција. Тоа користи кислород за да создаде експлозија на висока температура и го вшмукува кислородот од околниот воздух за да создаде таква експлозија.

За време на нападот на мостот Керч во јули минатата година, Украинците исто така користеа дронови Sea Baby.

Слични содржини