📽 Искористиле руски мини и дронови од 600 долари – Украинците разнеле два клучни руски моста

од desk2
24 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео

Украинските сили извршиле генијална операција во која уништиле два клучни моста на руска територија користејќи евтини дронови за да го активираат експлозивот што на мостовите претходно го поставиле руските сили, јави Си-Ен-Ен.

Мостовите во близина на регионот Харков служеле и за снабдување на руските сили, а Русите ги минирале како мерка за заштита во случај на ненадеен украински продор на руска територија.

Уништувањето на клучна инфраструктура на сопствена територија за да се сопре непријателот или да му се оневозможи напредување е во основите на војувањето. Украина го правеше тоа уште во февруари 2022, на почетокот на руската инвазија, кога со уништување мостови кон Киев го забави рускиот продор.
Во најновиот случај станува збор за нешто сосема спротивно.

Припадниците на 58. Посебна моторизирана пешадиска бригада на Украина, раскажуваат оти првин забележале необични активности околу еден од мостовите.

„Стана јасно дека таму нешто се случува. Не можевме да пролетаме со обичен извидувачки дрон под мостот, оти сигналот би се изгубил, па влетавме со дрон управуван преку оптичко влакно“, објаснува припадник на бригадата.

Снимката од дронот открила куп противтенковски мини и муниција сокриени под мостот.

„Ги видовме мините и нападнавме“
Нападот се случил, според Си-Ен-Ен, во Белгородскиот регион во јужна Русија. Тука поминуваат важни руски линии за снабдување на силите.

Украинците потоа го провериле и вториот мост и откриле дека е миниран, па го нападнале и него.