📽 Урсула фон дер Лејен во посета на Приштина: „Косово да формира ЗСО“

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска во Приштина, која ја посети во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, изјави дека Косово и Србија треба да се ангажираат на таков начин Косово да ја олесни процедурата за прифаќање на Заедницата на српските општини, а Србија де факто да го прифати признавањето на Косово, пренесе „Данас.рс“.

Говорејќи на заедничката медиумска конференција со косовската претседателка Вјоса Османи, за напредокот на Косово и Србија кон ЕУ, европската функционерка посочи дека тоа е можно само доколку ги нормализираат односите.

„Секако дека има одредени полиња каде треба да се ангажираат двете страни, да соработуваат, го повикуваме Косово да ја олесни процедурата за прифаќање на ЗСО, која останува како нацрт, а Србија мора да прифати де факто признавање. Дијалогот на ЕУ е фокусиран на разговори, тоа е начинот да се оди напред“, рече Фон дер Лејен.

Таа додаде дека силно го „осудува нападот од 24 септември“ во Бањска.

„Ваков напад е целосно неприфатлив. Тоа е во спротивност со вредностите на ЕУ и сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече таа.

Фон дер Лејен потсети дека ЕУ ја поддржа визната либерализација за Косово.

Слични содржини