📽 Викторија Бекам му подарила на Дејвид необичен подарок за Божиќ

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Модната дизајнерка Викторија Бекам одвреме-навреме на социјалните мрежи објавува детали од својот приватен живот.

Таа сега откри што му подарила на својот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за Божиќ.

Станува збор за необичен подарок – кокошарник. На видеото може да се види Дејвид како шета низ објектот и зачудено го гледа, а потоа ги нахранил кокошките внатре.

„Што да му се поклони на Дејвид за Божиќ“, напиша Викторија во описот на видеото.

Коментарите се нижеа, а имаше неколку кои напишаа дека тоа мора да е „еден од најоригиналните подароци“ кои ги виделе.

Слични содржини