📽 Во Еквадор прогласена вонредна состојба, водач на банда побегна од затвор

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена, откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата, Адолфо Масијас, побегнал од затворот каде што издржуваше казна.

„Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните постапки. Помина времето кога дилерите на дрога, убијците и организираниот криминал ѝ диктираа на владата што да прави“, рече Нобоа.

За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час, пренесува „Ројтерс“.

Во неделата Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда Лос Чонерос, исчезна од затворот каде издржуваше казна од 34 години.

Затворската агенција на Еквадор соопшти дека во понеделникот имало „инциденти“ во шест од преполните затвори во земјата.

Во затворите во Еквадор често се судираат ривалските банди, а од 2021 година во таквите нереди починале повеќе од 400 затвореници.

Слични содржини