📽 Во страшниот судир на два авиона во Токио загинаа пет лица

од Stefanija Kuzmanovska
421 прегледи

Пет лица во авион на крајбрежната стража на аеродромот Ханеда во Токио загинаа како последица на судир со патнички авион, потврди полицијата, јавува телевизијата NHK.

Во авионот Bombardier Dash-8 на крајбрежната стража, кој требало да донесе помош за жртвите од земјотресот, имало шест лица.

Авион на Japan Airlines се судри со авионот на крајбрежната стража при слетување во Токио.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот авион бил на пат кон аеродромот Ниигата за да достави помош за полуостровот Ното погоден од земјотресот, пренесува новинската агенција „Ројтерс“.

Околу 400 патници се евакуирани од запалениот авион на пистата. Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува ситуацијата во внатрешноста на авионот.

Еден од патниците го снимил слетувањето, по што се гледа како густ чад се шири во авионот, а патниците носат маски.

Слични содржини