📽 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимен моментот кога се случил верижниот судир во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
904 прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во Турција.

Во верижниот судир учествувале два автобуса и камион. Несреќата се случила околу 7 часот и 56 минути на автопатот на истокот на Турција, недалеку од градот Карса.

На местото на настанот се испратени голем број екипи на итната помош, полиција и екипи за пребарување и спасување.

Гувернерот на Карса, Зија Полат изјави дека, според првичните информации, загинале две лица, а осум се повредени. Две постари лица наводно починале. Повредените се пренесени во болница во Саикамис.

Несреќата се случила поради снег и мраз на коловозот.

Снимен е моментот кога се случила несреќата во која еден автобус удрил во друг.

Слични содржини