📽 Зеленски нареди да се формираат посебни сили за дронови

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска наредил формирање на посебен огранок на украинските вооружени сили за дронови.

Зеленски потпиша декрет со кој ја повикува владата и генералштабот на вооружените сили да ги разрешат прашањата за формирањето на тие сили, објави „Ројтерс“.

Во ноќното видео обраќање Зеленски посочил дека тоа не е прашање за иднината, туку прашање кое наскоро мора да даде конкретни резултати и дека оваа година мора да биде одлучувачка во многу аспекти, вклучително и на бојното поле.

Слични содржини