📽 Зошто не е добро да ги триете очите, посебно кога ќе се разбудите?

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

По ова видео, добро ќе размислите пред да ги протриете очите.

Вака изгледа триењето на очите преку магнетна резонанца (МРИ), напиша авторот на видеото кое се прошири на социјалните мрежи и шокираше многумина.

Магнетната резонанца всушност открива како очното јаболко се поместува во својата шуплина кога го триеме окото. Инаку, експертите напоменуваат дека би било попаметно да избегнувате триење на очите бидејќи може да ги оштетите ако го правите тоа премногу силно и/или премногу често.

Претераното триење на очите може да ја оштети рожницата. Исто така, може да резултира со оштетување на видот и сериозна инфекција. Треба да посетите лекар доколку се појави некој од следниве симптоми: Болка во очите, чувствителност на светлина, намален вид, заматен вид, црвенило…

Триењето на очите е поврзано и со кератоконус, состојба која се јавува кога вашата рожница постепено се испакнува нанадвор, односно добива зашилена форма, пренесе City Magazine.

Слични содржини