📽Ако трепнете, сте задоцниле: Најкраткиот семафор на светот ги излудува возачите

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Во шпанскиот град Куенка е поставен семафор кој ги излудува возачите. На дотичниот семафор, имено, зеленото светло трае толку кратко што ретко кој автомобил може да помине. И тоа ако возачот на тој болид има рефлекси на Формула 1 возач.

Под видеото, кое досега го погледнале повеќе од 200.000 луѓе, се трупаат духовити коментари од вознемирени возачи.

„Ниту светскиот шампион во Формула 1 нема шанса на овој семафор; „Ако трепнеш, доцниш“; „Ако ви кажам колку пати сум поминал на црвено светло на овој семафор, ќе ме стават во затвор“; „Возачите немаат време ни да свирнат, веднаш е црвено“, се дел од коментарите.

@edugonza12

enfado morrocotudo

♬ sonido original – eduardogonzalezsaiz

Како што можевте да видите на видеото, зеленото светло трае помалку од секунда, што е прекратко за каква било реакција на возачот.

Слични содржини