📽Бензема има четири деца со три различни партнерки, а сега ќе се жени со актерка од неговата земја на потекло

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Речиси еден месец откако се појавија заедно на црвениот тепих во Кан, Карим Бензема (37) ќе се жени со актерката Лина Кудри (32).

Бензема и Кудри наводно планирале свадба на почетокот на јули на Корзика, а нивната врска беше јавно потврдена на 23 мај кога се појавија заедно на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

Иако нивната романса дотогаш беше тајна, појавувањето на црвениот тепих ја сигнализираше нивната желба целосно да ја откријат својата врска.

„Бевме целосно свесни дека нашата приказна еден ден ќе излезе на виделина без наша согласност“, објасни Лина Кудри за „Ла Трибјун ду Диманш“.

Според списанието „Париз-Матч“, свадбата е планирана да се одржи на почетокот на јули на „Островот на убавината“ – Корзика.

Лина, истакната млада ѕвезда на француското кино, позната по улогата во филмот „Papicha“, беше во Кан за да го промовира својот нов филм „13 jours, 13 nuits“.

Родена во Алжир, таа пристигна во Франција на двегодишна возраст, но секогаш гордо го истакнуваше своето потекло, кое е исто како и она на Бензема.

Пред нивната врска да биде откриена во јавноста, љубовниот живот на Лина Кудри беше едвај видлив до ден-денес, за разлика од оној на Карим Бензема, кој има четири деца со три различни партнерки – Клое де Лоне, медицинска сестра и два модели, Кора Готје и Џордан Озуна.

Слични содржини