📽Цел свет е во шок поради потег на Ѓоковиќ: Можно ли е ова да го направи човек кој штотуку бил опериран?!

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Новак Ѓоковиќ се врати и на сите им покажа колку е силен. Србинот во првото коло на Вимблдон го совлада Вит Коприва во три сета (6:1, 6:2, 6:2), само три недели по операцијата на менискусот, а целиот свет е во ;udo од движењата на Ноле и потезите на отворањето на турнирот.

Иако неодамна имаше операција на менискусот, Ноле изгледаше одлично на теренот, а и самиот изјави дека се трудел да не се грижи премногу за коленото кое е во добра состојба.

Љубителите на тенисот беа шокирани и од брзото закрепнување и неверојатниот потег на српскиот ас.

„Тој не е човек, тој е вонземјанин“, вели еден корисник на социјалната мрежа „Х“ заедно со видеото од поенот на Ѓоковиќ.

Се надеваме само дека коленото е добро и дека ќе ги издржи напорите до крај, а доколку се биде во ред, Ноле за две недели би можел по осми пат во кариерата да го подигне трофејот наменет за победникот на Вимблдон, коментираат медиумите кај нашиот северен сосед.

Слични содржини